background image
chiefeditor.pesh@gmail.com flag_mk flag_eng
 
 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

               
 
 
   
 
This is an open access journal which means that all content is freely available without charge to the user or his/her institution. Users are allowed to read, download, copy, distribute, print, search, or link to the full texts of the articles in this journal without asking prior permission from the publisher or the author. This is in accordance with the BOAI definition of open access. 

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје при Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје од 2012 година го објавува списанието ,,Research in physical education, sport and health" - научно списаниие кој ги тертира прашањата од областа на општата и применета кинезиологија.

Старт | Стоп   
 
Зачленете се
 




 
 

RESEARCH IN PHYSICAL EDUCATION, SPORT AND HEALTH

International Journal of Scientific Issues in Physical Education, Sport and Health

ISSN:1857-8152 (Print)
ISSN:1857-8160 (Online)
UDK:796/799:37
Издавач: Факултет за физичко образование, спорт и здравје во Скопје
e-mail: chiefeditor.pesh@gmail.com

Списанието е индексирано во Директориумот за отворен пристап на списанија (DOAJ) и индексирано и презентирано во EBSCO базите на податоци.

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје при Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје од 2012 година го објавува списанието ,,Research in physical education, sport and health" - научно списаниие кој ги тертира прашањата од областа на општата и применета кинезиологија. Списанието ќе излегува два пати годишно (јуни и декември), со посебни броеви, а по потреба и со Додатоци (суплементи) за секој посебен број. Трудовите се објавуваат на англиски јазик со апстракти на англиски и македонски јазик. Се објавуваат изворни научни трудови, прегледни трудови, претходни соопштенија и стручни трудови од македонски и странски автори кои за печатење се прифатени врз основа на позитивна рецензија од еминентни домашни и странски резцензенти, од областа на кинезиологија но и од сродните или научните дисциплини кои имаат допирни точки со кинезиологијата. Трудовите можат да бидат со теми од фундаменталната и апликативната научна и стручна  работа во областа на Киезиологијата и други општествени и природни науки (антропологија, психологија, педагогија, биологија, медицина, историја, право, економија, градежнштво, урбанизам, екологија, информатика, менаџмент и слични науки) кои се во интердисцилинарни релации со  неа. Врз основа на меѓународнот карактер на списнието, трудови може да објавуваат автори  од  сите држави.  Списанието е во фаза на индексирање во неколку меѓународни бази. Списанието објавува научни и стручни трудови според  критериумите кои се наведени во Упатството за авторите. Упатството е отпечатено на  крајот од списанието. Право на конкурс имаат сите кои ги исполнуваат барањата на списанието и кои преземаат полна одговорност за сето што е напишано во трудот. Рецензијата и корекциите кои ќе ги направи уредувачкиот одбор и неговите соработници на го ослободуваат авторот (коавторите) од одговорност за неговото дело, но исто така не му ја намалуваат и оригиналноста. Конкурост за прифаќање на трудовите е отворен во текот на целата година. Ако сте заинтересирани да објавувата стручни и научни трудови од областа на физичкото образование, спортот и здравјето пишете ни на адреста chiefeditor.pesh@gmail.com

Прва година на излегување: 2012

Списанието ќе излегува (годишно): 2 (два пати)

Области на покривање: Киезиологијата, антропологија, психологија, педагогија, биологија, медицина,  јавно здравство и здравствена заштита, историја, право, економија, градежнштво, урбанизам, екологија, информатика, менаџмент и слични.
Право на користење: Целиот текс на трудовите објавени на веб страницата, бесплатно можат да се користат за лична или едукативна цел, со целосно почитување на авторските права на авторите на трудовите и издавачите. Научните работници и студентите кои се користат со електронскиот текст должни се во своите трудови конкретно да го наведат библиогравскиот подат според печатеното издание на списанието.